Андреј Јакимовски и Тренто убедливо ја завршија оваа 2025 година, лесно славејќи на последниот меч од Еврокупот во кој на домашен терен го пречекаа тимот на Лондон лајонс, совладувајќи го со 85-73. Италијанскиот тим се мачеше во првата четвртина во која постигна скромни 13 поени (13-18), но штом го најдоа ритамот во нападот Јакимовски и соиграчите до крајот на полувремето се вратија резултатски, а во второто полувреме се одлепија резултатски ...

Кошаркарите на Филаделфија го победија Мемфис со 129-126 по продолжение изминатава ноќ во НБА лигата. Исклучително израмнет натпревар кој не можеше да донесе победник во текот на регуларните 48 минути, па затоа мораше да се оди во продолжение. Во последната минута беше изедначено, а двата тима промашија шутеви за победа. Ембиид промаши тројка за Филаделфија, а Алдама и Велс не беа прецизни на другата страна. И во продолжението беше интересно, ...

Тимот на Лос Анџелес Лејкерс продолжи да игра во многу лоша форма и го доживеа четвртиот пораз во последните пет натпревари. Овој пат беа размонтирани од Детроит Пистонс, среде Лос Анџелес со 128:106. Ноќеска на НБА терените се одиграа четири натпревари, а најинтересниот требаше да биде во Лос Анџелес, каде што Лејкерс ги пречекаа одличните Пистонс во дербито на ноќта. Сепак, продолжи големата криза на Лејкерс, за која неодамна зборуваше ...