Според податоците од системот „Сејф Сити“, на ден 2 декември 2025 година се евидентирани вкупно 50.652 сообраќајни прекршоци. Најголем дел од нив, 48.861 прекршок, се однесуваат на возење со надминување на дозволената брзина. Дополнително, 1.366 возачи ја поминале крстосницата на црвено светло, додека 425 возила биле откриени како нерегистрирани. Податоците ја потврдуваат важноста од почитување на сообраќајните правила и мерките за безбедност на ...

Алкохолот станува сериозен фактор на ризик на македонски патишта. Според официјалната статистика за прекршоци поврзани со возење под дејство на алкохол, во изминатите четири години и првите девет месеци од 2025 година се бележат значителни варијации по региони, но и јасен тренд на пораст во дел од нив. Системот Безбеден град кој деновиве е пуштен во употреба делумно го „смири“ Скопје од брзи возачи, но камерата не препознава дали возачот е пијан ...

Најголем број прекршоци речиси секоја година се регистрираат на подрачјето на Скопје. Во 2021 година таму биле евидентирани 2.450 случаи, а во 2023 бројката достигнала 4.000 казни за возење под дејство на алкохол. Мобилната единица, која има улога на засилена контрола, во 2021 забележала 1.259 прекршоци, а во 2023 – 2.160. Во Велес прекршоците се движат од 978 во 2021 до 1.407 во 2023 година. Куманово бележи раст од 1.180 на 1.905 случаи, а ...