Нашите ракометарки се на убедливначин стигнаа до финалето, но денеска хрватските млади ракометарки беа подобри и го освоија златото. Македонија одлично го отвори натпреварот, водевме со 5-1, но потоа Хрватките почнаа да ја топат негативата и брзо дојдоа до водство кое го држеа до самиот крај на натпреварот. Во финишот имаше драма кога на пет минути до крајот дојдовме на само еден негатива, сепак противникот не дозволи да биде изненаден. ...

Македонскиот ракомет доби нова генерација за гордост! Машката кадетска репрезентација ја освои титулата на Светското училишно првенство кое се одржа во Скопје, крунисувајќи го одличниот турнир со убедлива победа во финалето против Израел од 38:32. Нашите кадети одиграа шампионски натпревар, наметнувајќи силно темпо и контрола од почеток до крај. Со дисциплинирана игра во одбраната и ефикасен напад, тие покажаа дека со право се на врвот, ...

Македонија освои злато и сребро на Светското училишно првенство во ракомет што изминатите десет дена се одржуваше во Скопје. Во финалните натпревари што се одиграа во салата „Јане Сандански“, кадетите славеа против Израел, додека девојките беа поразени од Хрватска. Ракометарите доминираа против селекцијата на Израел од почеток до самиот крај. На полувремето избраниците на селекторот Горан Кузманоски водеа со 20-14, а на крајот до победата ...