Утре , четврток на 6 март 2025 од 12.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се соберат колегите писатели и колегите од библиотеката и преку настанот „Писателите за писателот Тоде“ преку избор од негови песни и свои стихови ќе се потсетат на животот и творештвото на покојниот Тоде Илиевски. Да беше жив на 7 март Тоде ќе го славеше 73 роденден. Илиевски е позна македонски поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, ...
Охрид, 7. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денес напладне, во салата на Општина Охрид ќе се доделат наградите, по повод распишаниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“, во чест на поетот и писател за деца, Тоде Илиевски.Настанот ќе биде збогатен со рецитал подготвен од песните на Илиевски, во изведба на учениците на ОУ „Св. Климент Охридски“. Конкурсот е организиран од Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите ...
Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности „Креативна верига“ во рамките на настаните од конкурсот за наградата „Тоде“, за најдобра песна за деца, вчера одржа работилница за креативно пишување за учениците на ОУ „Григор Прличев“. Работилницата ја одржа Мерсиха Исмајлоска. Централниот настан на кој ќе се наградат трите најдобри песни, ќе биде денеска во 12 часот, на роденденот на Тоде Илиевски, во 12 часот во салата ...