Второлигашот Шкендија Арачиново прва го отвара зимскиот преоден рок со промоција на Владимир Жоглев како ново засилување за пролетниот дел од сезоната. Жоглев доаѓа од редовите на Осогово, а за клубот од Кочани тој беше најдобар стрелец во есенската полусезона со пет постигнати погодоци. 27-годишниот офанзивен играч во Осогово се задржа една година, а сега ќе има нов предизвик во својата кариера да настапува за тимот од Арачиново кој ...
Македонскиот второлигаш Шкендија Арачиново претстави уште едно ново име по завршувањето на есенскиот дел од шампионатот. Тимот кој што не ги крие високите амбиции и најави атак на Прва лига ќе биде посилен со услугите на Антонио Столевски. Голманот Столевски доаѓа од редовите на Слога Виница и се очекува да донесе стабилност, искуство и зголемена конкуренција во голманскиот оддел на тимот. Тимот од Арачиново ја заврши есенската полусезона на ...
Второлигашот Шкендија од Арачиново има јасна цел и визија – влез во Првата македонска фудбалска лига. Тимот кој го води Љупчо Марковски – Калц одигра одлична сезона и заврши на второто место со бод помалку од лидерот Охрид. Тимот од Арачиново собра 35 бодови, а пак „рибарите“ имаат 36 бодови по 15 одиграни кола во есенската полусезона. Шкендија Арачиново минатата сезона заврши на првото место во Трета лига – Север, а во баражот го доби ...

