Познат е комплетниот Фајнлфор на кошаркарската Евролига за сезоната 2025/26, а за титулата европски шампион ќе се борат Олимпијакос, Реал Мадрид, Фенербахче и Валенсија. Последен пласман на завршниот турнир обезбеди Валенсија, која во мајсторката го декласира Панатинаикос со 81:64 и со вкупни 3:2 во серијата се пласираше меѓу четирите најдобри екипи во Европа. Шпанскиот тим направи голем пресврт, откако губеше со 0:2 во серијата. За Валенсија ...
Реал Мадрид беше предводник на идејата за фудбалска Супер-лига, проект што не се реализираше и неодамна и официјално се распадна. Флорентино Перез во последната година беше меѓу најгласните заговорници на идејата за формирање на НБА Европа на местото на актуелната Евролига, но и оваа желба на првиот човек на Реал нема да се реализира, барем на во блиска иднина. Во прв момент идејата се чинеше интересна, но клубовите еден по еден потпишуваа ...

