Се одложи денешното рочиште за случајот Талир. Во конкретниот случај настапена е застареност на предиактното кривично дело односно на делото злоупотреба на службената положба и овластување поради истек на законските рокови за застареност и измените на Кривичниот законик коишто беа донесени во 2023 година. И покрај застарениот предикат согласно законот и постоечката судска пракса не постојат правни пречки да се гони перењето пари во овој ...

Застаре едно од кривичните дела во „долгометражниот“ случај „Талир 1“ во кој е обвинета владејачката ВМРО-ДПМНЕ и поранешни функционери на партијата, но обвинителката Ленче Рисотска која го води случајот, а веќе го пријави премиерот Христијан Мицкоски дека и врши притисок со навреди зашто го држи замрзнат имотот на партијата, е децидна дека за другото кривично дело „перење пари“ застарува во 2035 година. Денешното рочиште се одложи бидејќи ...