Светското првенство влегува во највозбудливата фаза, а по третиот ден од нокаут фудбалот веќе се познати седум репрезентации кои обезбедија место во осминафиналето. Пласман меѓу најдобрите 16 репрезентации досега изборија Канада, Бразил, Парагвај, Мароко, Мексико, Норвешка и Франција. Досега формирани парови во осминафиналето: Канада - Мароко (4 јули, 19:00 часот) Парагвај - Франција (4 јули, 23:00 часот) Бразил - Норвешка (5 јули, 22:00 ...
Најдобрите 16 репрезентации останаа да бидат дел од Светското првенство во САД, Канада и Мексико, а веќе се познати и сите осминафинални двојки. Според распоредот кој е познат, се очекува да има неколку спектакуларни дуели. Сепак, мечевите од 16-финалето веќе покажаа дека нема „големи и мали“ селекции, дека нема фаворити и дека буквално секој секого може да изненади. Затоа секој следен меч на Мундијалот ќе биде посебен спектакл. ...
Осминафиналната рунда на СП ќе започне веќе вечерва во Хјустон каде Канада ќе игра притив Мароко со почеток во 19 часот. Вечерва ќе се игра уште еден меч и тоа меѓу Парагвај и Франција во 23:00 часот во Филаделфија. Победниците од натпреварите во Хјустон и Филаделфија ќе се сретнат во четвртфиналето. Бразил ќе игра против Норвешка в недела од 22:00 часот во Њујорк, а подобриот од овој меч во четвртфиналето ќе се сретне против подобриот од ...

