Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ” организира хуманитарен концерт „Ѓурѓовден кај Ѓорѓи Марјановиќ” кој ќе се одржи на 6 мај 2026 година (среда) во салонот „19-19″ во Скопје. Со класична музика и хуманитарна мисија, Фондацијата ги возобновува традиционалните „Ѓурѓовденски средби”. Под уметничко раководство на м-р Даница Стојанова, публиката ќе има можност да ужива во делата на Шопен, Рахманинов, Хачатурјан и Смокварски, изведени од еминентни ...
„Децении наназад, 6 мај беше денот кога домот на професорот беше отворен за сите. Оваа година, таа традиција ја продолжуваме во јавниот простор, славејќи го неговиот роденден и именден со класичната музика која ја обожаваше. Ве покануваме да бидете дел од новиот начин на кој го чуваме неговото наследство“, се наведува во поканата на фондацијата. Истовремено нагласуваат дека овој концерт е повеќе од естетско доживување. „Тоа е можност за ...

