Првото полуфинале во Купот на Македонија се одигра денеска со почеток од 12:00 часот, а по 90 минути игра во близина на Охридското езеро, двата тима оставија сите прашања да се решаваат на реваншот во Кратово. Охрид и Силекс си зададоа по еден удар на првото полуфинале и оставија се во игра за вториот натпревар, па резултатот 1:1 секако ветува голема борба и на реваншот. Второлигашот влезе со отворен гард и покажа дека незалудно се бори за ...

Натпреварот на „Билјанини Извори“ во Охрид понуди два гола во првиот дел, а потоа во продолжението мрежите мируваа. Први до предност дојдоа домашните фудбалери со голот на Иван Глигоров кој во 35 минута погоди за 1-0 и радост на трибините. Сепак, до паузата Силекс успеа да се врати до егал со голот на Ади Алиќ кој со глава по нафрлување од Додев погоди за 1-1. Двете екипи имаа по некоја шанса, а тимот на Александар Васоски беше поубедлив и ...

Првиот полуфинален натпревар од Купот на Македонија меѓу ГФК Охрид Л. и Силекс заврши 1:1. Гостите подобро го отворија мечот, но домаќините поведоа преку Иван Глигоров по убава тимска акција. Силекс израмни пред паузата, кога Ади Алиќ погоди со глава по асистенција на Дарко Додев. Во второто полувреме Силекс пропушти неколку шанси, главно преку Додев. Кој ќе биде финалист во купот ќе се решава на 6 мај во Кратово. Првиот полуфинален ...