На местото Чифлик, во близина на денешниот Градски парк во Скопје, на 22 август 1941 година бил формиран Првиот скопски народноослободителен партизански одред, првата партизанска единица на Народноослободителната војна во Македонија. Одредот на почетокот имал 12, односно според дел од изворите 13 борци, а во текот на своето постоење низ неговите редови поминале вкупно 42 борци. Формирањето не било изолиран настан. Тоа било резултат на ...

Денеска, делегација на Општина Карпош, предводена од претседателот на Советот, Христо Саракинов, положи свежо цвеќе пред споменикот на борците од Првиот скопски партизански одред во Карпош 3, одбележувајќи 85 години од неговото формирање. Во чест на храбрите борци кои го избраа патот на отпорот и борбата за слобода, Саракинов порача: „Нивната храброст и жртва остануваат траен дел од нашата историја и обврска никогаш да не бидат заборавени. ...