Кошаркарите на Чаир 2030 славеа на гостувањето во Куманово со 76-71, а иако конечниот исход е изненадувачки, победата е заслужена бидејќи чаирчани водеа во поголем дел од средбата. Во последната минита при 70-70, Мухамед Тачи погоди тројка која се покажа како клучна. Имаа кумановци уште 44 секунди за да го вратат резултатскиот егал, но Стевановиќ не успеа, а Николиќ направи лична грешка по која Реџа од слободно фрлање покачи на плус 4 со што ...

Куманово, 26.јануари 2026 (МИА) – Голем триумф на гостински терен вечерва остварија кошаркарите на Чаир 2030 кои како гостин го совладаа тимот на МКК Куманово со 76:71. Ова за чаирчани беше петта победа во првенството или четврта на последните пет дуели и со тоа се изедначија со Феникс и Работнички со бројот на победи и ги зголемија шансите за опстанок во лигата. Чаирчани дека се подготвени за победа потврдија во првиот дел кога имаа и ...