Скопјанец пукал кон сопругата, ќерките го спречиле во кривичниот чин, куршумот завршил во прозорот. Ново црно сценарио во дневниот билтен на Мвр. Уапсен е 55 годинишник од скопска Кисела вода кој по расправија во домот вперил пиштол и го притиснал чкрапалото кон сопругата. Тој е осомничен за семејно насилство и закани со огнено оружје. Вчера полицијата привела и двајца други потенцијални насилници на семејно насилство, вели министерот ...

Тепачки, обиди за убиство, силувања, демнења – пријавите за семејно насилство го наполнија полицискиот билтен. Според податоците од МВР во последниве две недели на територијата на целата држава пријавени се 39 случаи и 63 поплаки од жртви на семејно насилство. Дополнително соопштуваат дека за истиот период, во Скопје, Министерството поднело 21 кривична пријава во врска со насилство во семејството, а изречени се пет мерки притвор и една мерка ...

Во текот на последните две недели Министерството за внатрешни работи поднесе 21 кривични пријави за сторени вкупно 25 кривични дела во врска со семејно насилство, од кои шест кривични пријави се поднесени по брза постапка. Покрај ова на подрачје на СВР Скопје поднесени се пет кривични пријави за родово базирано насилство, од кои три се за „загрозување на сигурноста и две кривични пријави за кривично дело „демнење“. Притоа, изречени се пет ...

Празникот на жената помина во знакот на семејно насилство за повеќе семејства низ државата. Министерството за внатрешни работи бележи дури осум пријавени настани само во текот на осмомартовското деноноќие, при што од слобода се лишени шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и виничко. Најголемиот број инциденти се регистрирани во главниот град, каде мета биле претежно сопруги и поранешни партнерки. Во скопската населба Карпош, полицијата уапсила ...