Раководството на Манчестер Јунајтед нема намера да ја намали цената на Маркус Рашфорд , тврди весникот „Сан“ на своите страници денес. Во последните недели, во шпанските медиуми постојано се појавуваа информации дека Барселона , каде што напаѓачот е на позајмица оваа сезона, сака да ја намали цената на играчот. Сепак, од „Олд Трафорд“ ќе се обидат да останат цврсти во својата позиција и да не отстапуваат од веќе договорената сума. Каталонците ...
Маркус Рашфорд од минатата година настапува надвор од „Олд Трафорд“ иако има договор со премиерлигашот Манчестер Јунајтед до 30 јуни 2028 година. Вториот дел од претходната кампања го мина на позајмица во Астон Вила, додека пак во оваа е на заем во шпанскиот шампион Барселона каде досега на 34 средби има дабл-дабл учинок од 10 гола и 13 асистенции. Според информациите од медиумите Рашфорд сака да продолжи на „Камп Ноу“, но Барса засега нема ...

