Петнаесетина рочишта, судницата во Идризово е арена на спротивставени ставови, преплавена со емоции, гнев и тага, траорни сведочења, болни сеќавања за пожарот во кој згаснаа 63 животи, а над 200 беа повредени. Обвинителството во воведниот говор ја исплете мрежата на одговорност од трагичната ноќ, па деценија и пол наназад на оние кои направиле пропусти. Одбраната се обидува да ги разниша темелите на обвинението, пред сè, верижната ...

Штип и Куманово вечерва ќе им оддадат почит на 63-те прерано згаснати животи во трагичниот пожар во „Пулс“ кој се случи минатата година. Во Штип ќе им се оддаде почит на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и Александар Коларов. Според најавеното поставен е камен-темелник за изградба на спомен-обележје кај малата фонтана во близина на Градскиот плоштад „Слобода“. Во рамките на спомен-обележјето ќе има пет ...

Во краток документарен филм насловен „Од пламен до надеж“ дел од повредените во пожарот во „Пулс“ сведочат за трагедијата која ја преживеаа на кобниот 16 март во Кочани. Во видеото објавено на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“ што се одржа вчера во Скопје, повредените раскажуваат како успеале да се спасат, како се одвивало нивното лекување и третманот што го добиле од ...

Во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека, со искази на сведоци на Обвинителството. На последното судење, инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување рече дека во кабарето немало ПП апарати, а споредната врата била затворена со катанец. Една година по трагедијата во Кочани, правда се бара пред Кривичниот суд. Им се суди на 35-мина, меѓу нив на сопственикот на „Пулс“, неговиот брат, инспектори, ...