Денеска, пред претставници на МВР, општината, здруженија и коалиции кои се борат против насилството меѓу врсниците, во ООУ „Лазо Ангеловски“ се одржа театарската претстава „СТОП за насилство – сцената зборува“. Учениците преку уметност испратија силна порака против насилството. „Особено сме горди на учениците коишто со својата креативност и ангажман покажаа дека младите се двигатели на позитивните промени! Општина Аеродром ќе продолжи ...
Денес во ООУ „Лазо Ангеловски“ Аеродром успешно се реализираше форум театар посветен на темата врсничко насилство. Преку искрени емоции, силни пораки и активно учество, учениците покажаа дека имаат глас и храброст да се спротивстават на насилството. Настанот отвори важни прашања, поттикна размислување и испрати јасна порака: „Насилството не е решение – заедно градиме почит, разбирање и поддршка.“ Оваа активност претставува дел од ...
Учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски” во Скопје преку сценски настап испратија порака против врсничкото насилство и булингот. Настанот „Стоп за насилството – Сцената зборува” е дел од активности за подигање на свеста за насилството меѓу учениците. Преку театар и уметнички израз, учениците ги прикажаа последиците од булингот и важноста од поддршка и разбирање. Овој тип активности се значајни во услови кога врсничкото насилство е сè ...

