Што се случи? Во петокот (3.04) американски авион од типот Ф-15 со двочлен екипаж беше соборен над Иран. Двајцата војници се катапултирале од авионот. Пилотот беше спасен кратко потоа, додека потрагата по вториот војник продолжи. Како беше спасен вториот војник? Спасувањето уследило по „трка на време за живот или смрт“ меѓу американските и иранските сили, наведува весникот „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на американски функционери. ...

Иранските медиуми објавија лична карта и лични работи од американскиот војник кој наводно е пронајден меѓу остатоцте од транспортниот авион C 130. Американскиот претседател Трамп денеска изјави дека двајцата пилоти чиј борбен авион беше соборен над Иран „се опоравуваат многу добро“. „Тој е навистина добро“, рече Трамп за пилотот кој се криел во Иран повеќе од еден ден пред да биде спасен во ризична операција. Другиот член на екипажот беше ...