Оваа 2025 година јасно покажа дека културата и туризмот не се трошок, туку стратешка инвестиција во идентитетот, меѓународната видливост и економскиот развој на државата. Со зголемен буџет, рекордна реализација на програмите, конкретни капитални инвестиции и силно меѓународно присуство, покажавме дека кога има визија, одговорност и транспарентност резултатите се видливи и мерливи, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков во својот отчет ...
Една добиена тужба не значи дека сите ќе ги добијат. Вака на денешниот брифинг министерот за култура и туризам Зоран Љутков одговори на прашањето на Телма за добиената втора тужба од вкупно 800, поднесена од Центарот за култура во Прилеп. Тужбата е од Синдикатот за култура на Македонија, а е во врска со пресметката на платите на вработените во културата, скратени за 3% во април, согласно пресметките на Министерството за финансии, за кои од СКРМ ...

