Фудбалскиот клуб Вардар ги отпочна подготовките за пролетната полусезона во Првата македонска лига. Црвено-црниот табор првиот дел ќе го одработи во својот тренинг-центар, а потоа ќе замине во Анталија, Турција, каде во период од 21 ден ќе одигра неколку пријателски натпревари. Вардарци се лидери на табелата во ПМФЛ и имаат огромни амбиции за оваа сезона, каде уште се во игра за двата трофеја - шампионската титула и Купот на Македонија. ...

Фудбалерите на Вардар официјално ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната. Првата фаза ќе се реализира во тренинг центарот на клубот, по што тимот ќе се пресели во Анталија, каде што ќе се одработи главниот дел од подготовките. Екипата предводена од Гоце Седлоски на 13 јануари ќе отпатува во Сиде, Турција, каде што ќе престојува 21 ден. Во тој период „црвено-црните“ имаат планирано шест пријателски натпревари, со цел темелна ...

Фудбалерите на Пелистер и официјално ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната 2025/26. Со работен состанок и прв тренинг на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, тренерот Милан Стојановски го означи стартот на зимските активности. Подготовките се поделени во две фази. До 17 јануари „зелено-белите“ ќе тренираат во Битола, а потоа експедицијата се сели во Анталија, каде што ќе следуваат двонеделни базични подготовки. Во Турција, ...

Фудбалерите на Брера Струмица денеска и официјално ги започнаа подготовките за пролетниот дел од шампионатот, со што стартува процесот на темпирање на формата за продолжението на сезоната во Првата лига. Подготовките се планирани да се реализираат во три фази. Првата ќе се одвива во Струмица, каде тимот ќе работи на физичка подготвеност и основни тактички елементи, додека главната фаза е закажана во Грција во периодот од 20 до 31 јануари. ...