Откупот на тутунот е со забрзано темпо и досега се преземени половината од количествата на годинашнава реколта, велат од Сојузот на земјоделските здруженија. Откупени се 11.370 тони од реколтата што Сојузот ја проценува на околу 22.000 тони по просечна цена од 419,86 денари. Со ова темпо, како што велат, родот, главно, ќе се преземе до Нова година. -Во моментов се отворени сите 337 ваги во земјава. Интензивно се откупува тутунот. До вчерашниот ...

Трактори и камиони полни тутун пред откупните центри во Карбинци, земјоделците од карбинските села го продаваат тутунот кој го работеле годинава. Велат оваа година има добар квалитет и иако цената од 420 денари за килограм за нив не е исплатлива сепак се задоволни што има откуп. Усеин од село Радање подолг временски период се занимава со производство на тутун, вели тоа му е единствениот начин за егзистенција. За еден добар живот има, но млади ...

Прави, криви, дебели, тенки, поткинати или подјадени, годинава сите листови од тутун завршуваат во ист кош и со иста цена. Откупната линеарна цена од 420 денари, без разлика за која класа на тутун станува збор, ги разлути производителите, а доколку не се најде заеднички јазик со откупувачите, реални се шансите работите да завршат на суд. Тутунарите тврдат дека не може да има иста цена за класите жолто злато, кои се разликуваат според квалитетот. ...