Поплавите ги зафатија и Гостивар и Кичево, поплавувајќи куќи, подруми и земјоделски површини. Над 200 жители, меѓу кои стари лица и деца, беа евакуирани и сместени во спортската сала со обезбедени кревети и пумпи за вода. Жителите пред камерата на Телма велат ддека се се случило за 10 минути, а реката носела се пред себе, секаков отпад па дури и мебел. Интервенирале општинските служби со багери и за неколку часа била запрена водата. Б.С. ...
Обилните врнежи предизвикаа излевање на повеќе реки и поплавување на куќи, дворови и земјоделски површини во Гостиварско, Кичевско и во Липковско. Во Кичево се евакуирани околу 220 лица, а интервенции има и во Скопскиот и во Кумановскиот Регион. Надлежните служби се постојано на терен и го следат водостојот на Вардар, Треска и на Црна, кои и натаму се на критичното ниво. Метеоролозите најавуваат нови врнежи и силен ветер, што ја зголемува ...

