Во Клиниката за детски белодробни заболувања „Козле“ во изминатите 24 часа лекарите прегледуваат и до 200 деца со симптоми на грип. Иако оваа сезона инфлуенцата започна подоцна од вообичаено, бројот на заболени бележи нагол пораст, потврдува доктор Елена Ѓиновска-Тасовска. Според неа, годинава грипот се појавил кон крајот на декември, што, како што вели, најверојатно се должи на потоплото време, но и на зголемените предновогодишни собири и ...

Состојбата со ширењето на грипот и натаму е загрижувачка, бидејќи само во Скопје и по 350 деца секојдневно бараат медицинска помош против вирусот, кој сериозно го загрозува нивното здравје. Надлежните медицински органи наведуваат дека околу 120 деца се хоспитализирани во две болнички установи во метрополата, поради сериозноста на состојбата. Според нив, се чини дека ширењето на вирусот оди кон својот пик, за кој е неизвесно колку ќе трае. ...

Најмладите пациенти најчесто со компликации Сè поголем број на заразени со грип ги полнат амбулантите и болничките капацитети. Најчестите симптоми се висока температура, кашлица и изнемоштеност. Компликациите од вирусот се особено застапени кај децата. На Клиниката за белодробни заболувања „Козле“ најмалиот хоспитализиран пациент е бебе од еден месец. Десетина деца со потешка клиничка слика се на кислородна поддршка. Поради компликации, под ...