Огромен шумски пожар зафати речиси 3.000 хектари од природниот парк Хај Фенс во источна Белгија, во близина на границата со Германија, а поради брзото ширење на огнената стихија властите евакуираа околу 600 жители од околните населени места. Пожарот, кој избувна во петокот, според белгиските власти е еден од најголемите во поновата историја на земјата, а ситуацијата дополнително ја отежнува силниот ветер, кој во текот на ноќта неколкупати го ...

Германски град во близина на белгиската граница им препорача на жителите да се евакуираат, бидејќи голем шумски пожар во Белгија се шири кон Германија. Според соопштението на властите во градот Моншау, пожарот моментално е на 1,5 км од германската граница и на 1,8 км од најблиската населено место. Пожарот, што уништи речиси 3.000 хектари шумска област, е еден од најголемите во историјата на Белгија. Иако не се очекува пламените јазици да ...

Утрово почна да врне дожд во источна Белгија, што им дава значајна помош на пожарникарите во гаснењето на најголемиот пожар досега регистриран во земјата, кој се закануваше да се прошири до германската граница. Според податоците на Европскиот информациски систем за шумски пожари, овој пожар е повеќе од двојно поголем од оној во 2011 година, кој зафати речиси 1.400 хектари. Во гаснењето учествуваат околу 500 пожарникари од целата земја, како и ...