Андреј Јакимовски вечерва со својот Тренто играше на меч кој траеше само 4 минути и беше прекинат при резултат 11:26 за гостите, за Тренто на гостувањето кај Трапани. Невидена бламажа во елитната италијанска кошаркарска лига ако се знае дека домашните настапија со јуниори и по неколку минути играа останаа само со еден кошаркар. Јасно беше дека судиите мораа оваа бламажа да ја прекинат и отсвирија крај на мечот по само 4 минути и 11 секунди ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски и неговиот Тренто стигнаа до најлесната победа од стартот на новата сезона во италијанската Лига А. Тренто одигра само една четвртина против Трапани тим кој што поради финансиска криза нема доволен фонд на играчи, па како и во европските натпреварувања така и во домашните може да одигра само една четвртина. По првиот период Тренто на гостувањето имаше предност од 11-26. Најдобар на ...