Предност од 1-0 на полувреме има тимот на Струга ТЛ во дуелот со Силекс во претпоследниот натпревар од 29. коло во ПМФЛ, во директната битка за третата позиција на табелата во ПМФЛ. Струга ТЛ имаше подобар старт на мечот, повеќе шанси, а уште во 10. минута Малески не успеа да го совлада Џеков, кој перфектно одбрани. Во 21. минута предност за Струга ТЛ. Шабани од слободен удар нафрли, а Маудо со глава погоди во горниот десен агол од голот на ...
Фудбалерите на Струга Трим Лум рутински стигнаа до три бода, совладувајќи го Силекс со 2-0 на домашен терен во рамките на 29. коло од ПМФЛ. Гостите од Кратово настапија со комбиниран состав, што домаќините знаеја да го искористат и од самиот старт ја презедоа иницијативата и го диктираа темпото на игра. Резултатот беше отворен по околу дваесет минути игра, кога Маудо ја затресе мрежата за 1-0. До крајот на првото полувреме, Струга постигна ...

