Според директорот на Институтот за судска медицина, кај 59 од загинатите во „Пулс“ смртта настапила како резултат на труење со јаглерод моноксид, амбиентален недостаток на воздух и компресивна асфиксија, односно недостаток на воздух поради притисок на градите и стомакот и термичко оштетување на дишните органи. Тој потврди дека останатите четворица кои починаа во болници во странство и во земјава, животите ги загубиле како последица на ...

Директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во судницата во „Идризово“ изјави дека кај 33 жртви се пронајдени цијаниди во крвта, кај 49 имало присуство на алкохол, кај осум дрога и кај четири имало седативи и антидепресиви, но дека главна причина за смрт кај починатите лица врз основа на обдукциските наоди и токсиколошките анализи кај 59 починати лица на 16 март 2025 ...

Труење со јаглерод моноксид е главна причина за смртта на починатите во Пулс. Ова го покажале испитувањата на Институтот за судска медицина, кои денеска во судницата во Идризово ги презентираше директорот на установата. Според Станков, концентрацијата на јаглерод моноксид кај починатите се движела од 10 до 40 проценти. Освен гасот кој предизвикува мускулна слабост, а подоцна и смрт, фатални биле уште густиот чад и високата температура. ...