Иако се очекуваше големо дерби, попладнево во Јане Сандански очигледно Вардар ќе има прилично лесна работа за да ги освои бодовите на мечот со Охрид. Гостите во обид да ги зачуваат силите за важниот реванш натпревар со Олимпијакос во четвртфиналето од Европскиот куп, се решија да допатуваат без половина тим. Од сениорите во составот кој допатува во Скопје и тоа без тренерот Ројевиќ се само петмина. Иако се очекуваше големо дерби, ...

Ракометарите на Вардар 1961 го добија натпреварот кој требаше да биде дерби против Охрид со убедливи 31-21 (17-12) во натпреварот од третото плеј-оф коло во Суперлигата. Иако се очекуваше спектакл во СЦ „Јане Сандански“, гостинската екипа допатува со втор тим, дури и поголем дел од играчите беа од младинските категории. Причината беше реванш дуелот во четвртфиналето на ЕХФ Купот против Олимпијакос в сабота. Комплетниот натпревар меѓу Вардар ...

Охрид реши да го жртвува дербито со Вардар за да ги заштеди најдобрите играчи за реваншот против Олимпијакос во ЕХФ Купот, а во такви услови, подмладените „гладијатори“ едноставно немаа што да бараат во „Јане Сандански“. Вториот тим на Охрид успеа да парира само во воведните 20 минути во кои имаше мала неизвесност, но во продолжение, се беше во знакот на домаќинот кој во секој случај беше фаворит за победа. Вардар го победуваше Охрид и со ...