Самостојна изложба „Глаголички Откровенија“ на македонскиот современ уметник Томе Даневски, 23 јануари во 19 часот, во КИЦ. Преку 27 дела изработени во масло и акрил на платно, Даневски ја истражува древната глаголица како културен, емоционален и метафизички код — мост меѓу видливото и невидливото, минатото и иднината, човековото и божественото. Уметноста не само се гледа — туку се чувствува и се слуша. За прв пат во Македонија, секое дело ...
Скопје, 23 јануари 2026 (МИА) - Во Културно-информативниот центар - Скопје (КИЦ), во организација на „Абилитист“ и Здружението на лица со попреченост „Зета“, денеска во 19 часот, свечено ќе биде отворена изложбата „Глаголички откровенија“. Станува збор за самостојна изложба на сликарот Томе Даневски, т.е. 27 дела изработени во масло и акрил на платно, преку коишто македонскиот современ уметник „ја истражува древната глаголица како културен, ...

