По денешната седница на Советот, Влатко Ристовски соопшти дека предложиле сеопфатно решение со четири оперативни мерки, утврдени рокови, финансиска конструкција, институционална координација и механизам за надзор на спроведувањето. Планот, како што наведува, предвидувал поставување прифатен пункт, организирање теренски екипи и вклучување на Агенцијата за храна и ветеринарство, Агенцијата за управување со одземен имот и Министерството за ...

Советникот во Советот на Општина Крива Паланка, Влатко Ристовски, соопшти дека локалната власт предводена од градоначалникот Сашко Митовски и советничкото мнозинство го одбиле предложениот Акциски план со кој требало да се реши долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на добитокот низ општината. По завршувањето на денешната седница на Советот, Ристовски појасни дека нивната иницијатива содржела целосно и прецизно решение базирано ...

Предложивме каде да се постави прифатниот пункт, како да се организираат теренски екипи, како да се вклучат АХВ, Агенцијата за управување со одземен имот и МВР, како да се обезбеди хуман третман на животните, како да се дезинфицираат јавните површини и како да им се помогне на земјоделците кои претрпеле штети. Предвидовме финансиска конструкција како и петчлена комисија за надзор и редовно известување на Советот. И покрај сето ова, ...