Двајца жители на Пештани беа фатени на дело додека илегално ловеле риба во Охридското Езеро. Инцидентот се случил на 09.01.2026 околу 19:30 часот, на само 100 метри од брегот кај селото Пештани. Полициските службеници во координација со рибочуварската служба пронашле во чамецот шест рибарски мрежи долги околу 720 метри и улов од 585 белвици со вкупна тежина од 106,8 килограми. Се работи за риба која е во период на мрест и која според ...

Охрид, 10 јануари 2026 (МИА) – Припадници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ што функционира во рамки на Регионалниот центар за гранични работи Запад синоќа околу 19:30 часот ги приведоа лицата Д.К. и Н.С., двајцата од охридското село Пештани. Според полциското соопштение, рибокрадците биле заблежани со пловен објект стотина метри од брегот на Охридското Езеро, кај селото Пештани. При проверка во пловилото биле ...

Лишени од слобода рибокрадци во Пештани, запленети над 100 килограми риба и шест рибарски мрежи На 09.01.2026 во 19:30 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГН Охридско Езеро, во рамки на Регионален центар за гранични работи Запад лишени се од слобода Д.К. и Н.С., двајцата од с.Пештани, охридско. При преземање на зајакнати мерки и контроли во водите на Охридското Езеро за време на мрест и забрана за лов на риба од видот пастрмка, ...

Рибокрадството во Охридското Езеро повторно е во полн ек.100 кг риба белвица и шест рибарски мрежи во должина од 720 метри запленила полицијата во селото Пештани. Уапсени се двајца пештанци а ќе одговараат за изловување риба во време на мрест и забрана за лов. „При преземање на зајакнати мерки и контроли во водите на Охридското Езеро за време на мрест и забрана за лов на риба од видот пастрмка, белвица и јагула, од страна на полициските ...