Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, од собраниската говорница најави дека итно мора да започне имплементацијата на проектот „Безбеден град“, и покрај сите забелешки. Тој го искористи драматичниот просек од 145 жртви годишно во сообраќајот како аргумент за потребата од системот. Тошковски одговараше на прашање од пратеникот Илир Хасани (Европски фронт), кој како лекар-трауматолог го поддржа проектот, но изнесе критики од граѓаните за ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од собраниската говорница порача дека е неопходно да започне имплементацијата на проектот „Безбеден град“, нагласувајќи дека станува збор за мерка која директно се однесува на заштита на човечките животи. Тој ова го истакна во одговор на прашање од пратеникот Илир Хасани од Европскиот фронт, кој како лекар-трауматолог даде поддршка за проектот, притоа пренесувајќи и одредени забелешки од граѓаните. ...

