FM радиото полека оди во историјата во Франција, а оваа промена може директно да ги погоди милионите возачи, особено сопствениците на постари автомобили. Европа влегува во нова фаза на дигитализација, а еден голем медиумски потег наскоро ќе ги промени секојдневните навики на слушање радио. Планот е јасен – аналогното FM радио постепено да се укине и целосно да се замени со дигиталниот DAB+ стандард. За разлика од претходните технолошки ...

Битола, 12. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Битолското Радио 106 прославува 33 години постоење. Зад нив се 33 години исполнети со бројни пресвртници кои ја зацврстија нивната позиција како најомилена радио станица во Битола и еден од највлијателните медиуми во Македонија. Уште во 90-тите години, кога медиумскиот простор беше заробен во конзервативни рамки, воведоа модерен и динамичен американски хит-радио концепт кој го трасираше патот за развој ...

Охрид/Скопје, 13. февруари 2026 (ОХРИДПРЕС) – Под покровителство на УНЕСКО, денеска по 14. пат се прославува Светскиот ден на радиото. Целта е да се подигне свесноста за значењето на радиото меѓу јавноста и медиумите, да се охрабри вмрежувањето и меѓународната соработка меѓу радиодифузерите и да се промовира пристапот до информациите и слободата на изразување преку брановите на овој медиум. Радиото, како универзален медиум кој досега до ...

По повод Светскиот ден на радиото, разговараме со Зорица Николовска, глас што речиси 15 години е дел од македонскиот етер. Од утрински почетоци со многу трема, до едно од најслушаните утрински радиошоуа во земјава – „Тик Так и Зорка“, таа остана доследна на медиумот што, како што вели, не се гледа, туку се чувствува. Во разговор за „Слободен печат“, Николовска се наврати на своите први чекори зад микрофонот, на радиото како начин на живот, ...