Во знак на сеќавање, им се оддава почит на младите животи што никогаш нема да бидат заборавени. За спомените што остануваат, за болката што не поминува и за ветувањето дека нивните имиња ќе живеат засекогаш. Денес, Кочани застана во тишина – со свеќи, солзи и спомени за оние што прерано заминаа. Во знак на сеќавање, им се оддава почит на младите животи што никогаш нема да бидат заборавени. За спомените што остануваат, за болката што не ...

Александар Наунов, таткото на Надица која го загуби својот живот во дискотеката во „Пулс“ и претседател на Здружението на граѓаните 16-ти март 2025, денеска преку социјалните мрежи се сеќава на својата ќерка на годишнината од големата трагедија. Со емотивни зборови, кои го кинат срцето, Александар ѝ се обрати на својата ќерка. „Ќерко моја, ѕвездо моја која сјае на небото… Денес помина точно една година откако те нема, а болката е иста како ...

„63 бели столчиња – 63 животи“ – во Паркот на револуцијата во Кочани одбележување на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“. По една бела роза за спомен. Градот и семејствата на жртвите една година живеат со болката од најголемата трагедија во поновата историја на земјава. Мурал-ѕид на сеќавање, молитва за упокоените, комеморација, меморијал. Катерина Топалова известува од Кочани. „63 бели столчиња – 63 животи“ – во Паркот на ...

Една година од трагедијата во „Пулс“ – Кочани. 63 одземени животи. 63 семејства во црнина. Една рана која и по една година не престанува да боли. 16 март најцрн датум од поновата македонска историја. Околу два и пол часот по полноќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна пожар за време на концерт. За само неколку минути огнот и чадот го проголтаа клубот во кој имало и стотици млади луѓе. Паника, вресоци, турканици кон излезот. Многумина не ...