Кошаркарите на Пелистер по историската европска победа над Приевидза се враќаат на домашните обврски, со мечот од третото коло од Супер-лигата против дебитантот Маџари. Според ждрепката скопскиот клуб требаше да биде домаќин на мечот, но управите постигнаа договор денешниот натпревар да се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, со почеток во 19 часот. Нема дилема дека „пелистерци“ ќе ја имаат фаворитската улога на овој меч по убедливите ...
Екипата на Маџари пропушти да направи голема сензација. Новиот прволигаш се носеше цел меч со Пелистер во Битола, но доживеа пораз (101-90) во рамки на кошаркарскиот шампионат на Македонија. Гостинот предводен од тренерот Тодоровиќ одигра фантастичен меч со далеку поискусниот и поквалитетен противник. Маџари не ги разочара своите приврзаници, но може да биде незадоволен од сопствената реакција во клучните моменти кога се кршеше резултатот и ...
Пелистер и Маџари одиграа доста интересен натпревар. Дебитантот во прволигашкото друштво повторно испрати порака дека сезонава ќе биде голем проблем за фаворитите доколку се обидат да го потценат. Избраниците на Миодраг Тодоровиќ беа близу до изнендаување и против актуелниот првак, МЗТ Скопје и против Куманово, двата тима дојдоа до победа во самиот финиш. Победникот на ова средба се решаваше после две продолженија, а победата остана во Битола ...

