Феникс дојде до огромна победа што ќе биде од важност во трката за опстанок откако тимот на Денис Дервишевиќ го зеде скалпот на Работнички триумфирајќи со 83-77. „Центарци“ во минатото коло делуваа импресивно на домашен терен во убедливиот триумф над Маџари, но денеска повторно покажаа низа слабости во својата игра што мотивираниот состав на Феникс знаеше да ги искористи и да стигне до заслужена победа. Домаќините одиграа импресивно во ...
Кошаркарите на Работнички им се вратија на поразите и загубија од Феникс 2010 (83-77) во натпреварот од деветнаесеттото коло на македонската Суперлига. Домаќинот одигра одлична прва четвртина, која ја доби со 28-19, но гостинската екипа успеа да го ублажи ударот во вториот период и на паузата замина со шест поени негатива (42-36). После израмнетата трета делница, влеговме во доста неизвесна завршница од мечот. Работнички дојде на -3 во 34. ...
Работнички најде доволно добра инспирација да оствари победа над Маџари на денот кога се врати во „Градски парк“, но само неколку дена подоцна, тимот на Владимир Мирковски повторно покажа дека може да има големи осцилации во играта. Со победа во директната пресметка со Феникс 2010, Работнички можеше да направи сериозен исчекор кон плејофот во Суперлигата, но наместо тоа, „центарци“ сега повторно ќе бидат во исчекување на екипите кои се зад ...

