Работнички e далеку зад ривалите во борбата за опстанок, но „романтичарите“ со денешниот триумф во Струмица над Брера само покажаа дека немаат намера да капитулираат без борба. Скопскиот тим одигра импресивно и заслужено славеше со 3-4 над струмичани, први знаци на живот пред престојните битки на кои Работнички мора да оди на победа буквално на секој натпревар. Почетокот мина во знакот на новото засилување Џејкоб Езеб, кој ги постигна првите ...

Фудбалерите на Работнички конечно остварија победа во Првата македонска фудбалска лига и најавија дека докрај ќе се борат за евентуален опстанок во македонската фудбалска елита. Работнички славеше на гостувањето кај АП Брера со 3:4, со што ги освои првите бодови во вториот дел од сезоната, истовремено прекинувајќи ја солидната серија на струмичкиот клуб кој немаше пораз во трите последни рунди. Езеб со два гола во првиот дел најави дека ...