Низ призмата на три летни распусти на едно 7-годишно момче и неговата сестра кај нивната баба во Прилеп, авторот Жан Илиески ја отсликува атмосферата на едно минато време – исполнето со мирис на сушен тутун, звуци на фудбалски радиопреноси и топлината на едноставните, но длабоки човечки врски. Во центарот на оваа приказна е баба Илка, тивка хероина, чиј секојдневен труд и пожртвуваност го обликуваат светот на нејзините внуци. Прилеп е ...
Книгоиздателството „Макавеј“ со особено задоволство ја најавува објавата на новиот роман на Жан Илиески, насловен „Баба Илка“. Ова дело претставува емотивно патување низ ходниците на сеќавањето, каде што детската љубопитност се среќава со суровата реалност на животот. Низ призмата на три летни распусти на едно 7-годишно момче и неговата сестра кај нивната баба во Прилеп, авторот Жан Илиески ја отсликува атмосферата на едно минато време – ...

