Сподели По успешната премиера и три изведби на 39. издание на фестивалот „Град театар“ во Будва, каде што претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ беше пречекана со големо воодушевување, НУ Драмски театар Скопје ја најавува својата следна станица – „Охридско лето“. Македонската публика ќе може да ја проследи возбудливата и духовита копродукција на 17 август од 21 часот ...

По текст на култниот Душан Јовановиќ, оваа комедија со длабока општествена рефлексија прикажа свет во кој хедонизмот, суетата и еротиката се бегство од празнината што демне под површината Во рамките на драмската програма на „Охридско лето“ се одигра македонската премиера на театарската претстава „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или туѓото го сакаме, своето не го даваме“ од Душан Јовановиќ, а во режија на Иван Пеновиќ. ...

Музичката програмата на годинашното 65. издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде заокружена со концертот на „Моушн трио“ и уметниците Јануш Војтарович, Павел Баранек и Марчин Галажин на хармоника. Полското трио хармоники со името „Моушн трио“ е познато по нивниот специфичен начин на комбинирање на страста која извира од традицијата на музиката од Источна Европа со прецизноста и строгоста на делата на големите класични композитори. ...

По премиерата и четирите изведби на 39. фестивал „Град театар“ во Будва, каде што публиката со големо воодушевување ја прифатила претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или „Туѓото го сакаме – своето не го даваме“, НУ Драмски театар Скопје најавува дека со оваа најнова копродукција ќе гостува во Охрид. Од Драмски театар Скопје соопштија дека македонската публика ќе има можност да ја гледа возбудливата и духовита ...