Продолжуваат инвестициите во јавното здравство. Вкупно околу 110 милиони денари се вложени во Клиниката за гинекологија и акушерство. Во реновирањето вложени се 35 милиони денари, а дополнителни 75 милиони денари се издвоени за медицинска опрема.Според претседателот на Владата целта е да се подобрат условите за пациентите и медицинскиот персонал, како и унапредување на здравствените услуги. Мицкоски упати директна порака до младите, ...

Денеска ја посетив Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде што е заокружен процесот на реконструкцијата и набавката на нова опрема за клиниката. Вкупно околу 110 милиони денари се вложени во ГАК, од кои 35 милиони се за реновирање. Сакам да се заблагодарам на вработените во Клиниката, на директорката за посветената работа, на министерот, на директорот на Фондот, на сите оние коишто дадоа ...

Македонија ја доби најубавата вест во првите секунди од Новата 2026 година. Првото новороденче во земјава е девојче, родено на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Според старите верувања, женско првородено дете носи среќа, мир и бериќет за целата година. Радосната вест ја споделија од самата Клиника преку нивната Фејсбук страница со куса, но емотивна порака: „На ГАК се роди принцеза“. Бебето е родено точно во ...

Првото бебе во 2026 во државава е девојче, Евгенија, родено на полноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје. Родена е со царски рез, тешка е 2,8 килограми и долга 48 сантимери. Таа е трето дете во семејството Камчеви. Мајката е 38-годишната Емилија Камчева. Мајката и бебето на ГАК денеска ги посетија министрите за здравство и за социјална политика, Азир Алиу и Фатмир Лимани, заменикот за здравство Јовица Андовски, ...