Северна Македонија заедно со Србија и Молдавија бележат најголем реформски моментум, регистрира Енергетската заедница за сработеното во 2025 година кога енергетиката е во прашање. Во најновиот Годишен извештај на Енергетска заедница во кој се мониторира имплементацијата на реформите во земјите членки се нотира дека „Северна Македонија и Србија докажаа дека може да се постигне ефикасно спроведување на законодавството на Европската унија за ...
Северна Македонија е позитивно оценета од релевантни европски институции за спроведените реформи во енергетскиот сектор, со посебен акцент на напредокот во уредувањето и функционирањето на пазарот на електрична енергија. Извештаите укажуваат дека земјата направила значајни чекори во усогласувањето на своето законодавство со европските правила, зајакнувањето на регулаторната рамка и отворањето на пазарот за поголема конкуренција. Овие мерки се ...

