„Како претседател на СОПР-КСС свесно направив пакт со другите два синдиката – и двата обоени во боите на ССМ. Со истите оние што со години ми правеа тортура, ме камшикуваа и ме притискаа, рака под рака со тогашните владејачки структури и нивните извршители во поштенскиот менаџмент. Со други зборови – направив пакт со ѓаволот. Не од слабост. Туку од убедување дека повисоката цел е поважна од личната неправда. Поважна од моите рани и лузни, ...

Претседателката на Синдикалната организација на поштенски работници – КСС, Соња Дојчиновска-Јанакиевска, вели дека за неодамнешниот штрајк во „Пошта“ свесно направила пакт со другите два синдиката – и двата, како што нагласува, обоени во боите на ССМ. Целта, посочува таа, била јасна и, верувала, благородна: да се зацврсти заедничката борба, да се извадат работниците од поштенскиот жив песок во кој со години тонат и, конечно, да се отвори пат ...