Лос Анџелес лејкерс го освои четвртото место во Западната конференција и на стартот од плејофот ќе се сретне со Хјустон рокетс, серија за која „езерџиите“ ќе бидат сериозно ослабени. Остин Ривс по најновата повреда сигурно ќе ја пропушти целата серија, а сериозна е опасноста тренерот Редик да не може да смета ниту на Лука Дончиќ. Словенечката суперѕвезда ги мина последните две седмици во Европа, на специјални третмани во Мадрид што требаше да ...
Плејофот на Лос Анџелес Лејкерс речиси сигурно започнува без двајца клучни играчи, а најголемото прашање останува кога точно Лука Дончиќ ќе се врати на теренот. Според последните информации, се очекува Дончиќ оваа недела да се врати во Лос Анџелес по престојот во Шпанија, каде што беше подложен на интензивна терапија за повреда на тетивата, а по пристигнувањето треба да помине дополнителни прегледи, по што ќе биде појасно дали може да му ...
Лука Дончиќ се повреди на мечот против Оклахома и оттогаш Лејкерс мораа да ја променат играта. Повторно главен беше Леброн Џејмс кој успеа да го однесе тимот до четвртото место кое му носи предност на домашен терен. Последните информации за Дончиќ се поволни и се очекува тој наскоро да се врати на теренот. „Се очекува дека и Лука Дончиќ и Остин Ривс да го пропуштат почетокот на првата рунда од плеј-офот. Лука Дончиќ помина една недела во ...

