Поранешниот шеф на ЦИА со жестока критика кон претседателот на САД Во интервју за „Гардијан“, поранешниот директор на ЦИА и бивш секретар за одбрана на САД, Леон Панета предупредува дека претседателот на САД, Доналд Трамп, е „заглавен помеѓу чеканот и наковалната“, три недели по почетокот на војната со Иран, испраќајќи „порака на слабост“ до меѓународната заедница. – Тој има тенденција да биде наивен за тоа како може да се одвиваат работите. ...

Абу Даби- Цените на нафтата денеска надминаа 115 долари по барел при отворањето на берзите во Азија, додека продолжуваат воздушните напади во земјите на Блискиот Исток, нешто повеќе од еден месец по почетокот на војната во Иран. Цената на суровата нафта од марката „брент“ изнесува 115,84 долари, што е зголемување од 2,9 отсто во однос на цената од петокот, пренесува Би-Би-Си. Цената на таа нафта по барел беше околу 72 долари пред 28 февруари, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за „Фајненшл тајмс“ (FT), објавено синоќа, изјави дека сака „да ја земе иранската нафта“ и дека американските сили би можеле да го заземат островот Харг, центарот на извозот на нафта од Иран, објавија Ројтерс и Би-Би-Си. „Да бидам искрен, моето омилено нешто би било да ја земам нафтата во Иран, но некои глупави луѓе во САД велат: „Зошто го правите ова?“. Но, тие се глупави луѓе“, изјави ...