Амбасадата на Грција во Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ заеднички организираа панел-дискусија посветена на книгата „Погребното слово на Перикле“ од Тукидид, еден од највлијателните текстови во политичката историја. Воедно, на настанот беше промовиран и новиот превод на „Погребното слово“, објавен од издавачкиот центар TРИ, стои во соопштението од Амбасадата на Грција во Скопјe. Деканот на ...
Деканот на Правниот факултет, д-р Сашо Георгиевски ја отвори дискусијата нагласувајќи дека слободата и стабилноста зависат од активното учество на граѓаните во управувањето, истакнувајќи ја и важноста на академската соработка. Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, истакна дека Погребното слово останува релевантно и денес затоа што ја претставува демократијата како култура изградена врз граѓанска одговорност, ...

