Низ повеќе градови во Македонија вечерва се одржаа собири на граѓани во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани. Граѓаните излегоа да изразат поддршка и грижа во овие најтешки моменти. Во Скопје собирот почна со 16 минути молк. Присутните изразија сочувство и заедништво создавајќи ѕвездено небо со мобилните телефони, запалија свеќи и оставаа цвеќиња. Низ транспарентите како „Народот страда додека системот одмара“, „Грутка во грлото, ...

Македонија се збогуваше од младите луѓе кои загинаа во ужасниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Се бараат виновниците за оваа најголема трагедија во државата, во која загинаа 59 млади луѓе. Синоќа имаше нови апсења. Приведени се градоначалникот на Кочани во оставка, Љупчо Папазов и двајцата негови претходници, поранешните први луѓе во општината, Николчо Илиев и Ратко Димитровски, дознава Телма. Импровизираната дискотека „Пулс“ е отворена ...

Сите пациенти кои се лекуваат тука и надвор од државата се во стабилна и добра состојба, повеќето се подобруваат, а од вкупно 20 што беа критични, денеска констатиравме дека 10 се потешки, но и тие се стабилни, надвор од животна опасност, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари. Како што изјави Таравари, во државава се лекуваат 72 пациента, а надвор 101. Од оние што се лекуваат во земјава, тројца вчера веќе се испишани, а утре се ...