Во дополнение на доказната постапка, обвинителката Адела Бојчевиќ ги повика обдуцентите проф. д-р Златко Јaќевски и д-р Ана Ивчева да сведочат кои повреди на жртвата Ивана се од падот, а кои од насилството и дали утврдиле други повреди постари од 2.3.2026 година, денот кога Ивана се самоуби. Д-р Јаќевски рече дека останува во целост со наодот од обдукциите на телата на Ивана Јовановска и на Катја Јовановска, како и дека оставува во целост и ...
При анализа на крвта кај покојната Ивана, не биле констатирани никакви наоди на присуство на алкохол, лекови или психоактивни супстанции. Жената имала понови и постари модрини на лицето, кажаа вештаците од Судска медицина. Завршните зборови се закажани на 28 април, по што ќе следува пресуда за случајот што и натаму ја згрозува јавноста. Обвинителката претходно кажа дека смртта на детето ќе ја објасни во завршниот збор преку психолошкото ...
Сосема поинаква верзија на животните случувања кои доведоа до трагичната смрт на Ивана Јовановска и на нејзината ќерка Катја, кажа обвинетиот сопруг и татко, Стојанче Јовановски, во своја одбрана. Во судницата, пред судијата Ивица Стефановски, рече дека бил изманипулиран од сопругата, која го изневерувала со сведокот Мартин Саздов, и оти бил жртва на „местенка“ од нивна страна за поседување дрога. Секогаш кога во зборувањето ќе ја спомнеше ...

