Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер, ремизирааше против данскиот ГОГ Гудме 28:28 (15:11) во натпреварот од 12. коло на Лигата на шампионите. Натпреварот во Данска понуди огромна драма, а херој на пелистерци беше голманот Никола Митревски, кој блесна особено во вториот дел и со своите интервенции го водеше тимот. На крајот ГОГ беше поблизу до победата, меѓутоа избраниците на Стевче Алушовски се изборија за бод. Со овој резултат ...

Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) – Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја прекинаа серијата од четири порази во Лигата на шампиони, откако вечерва освоија бод на гостински терен во дуелот со ГОГ Гудме, одигрувајќи нерешено 28-28 (11-15) во рамки на 12. коло во групата Б. Македонскиот шампион резервирано влезе на натпреварот довозлувајќи му на данскиот првак да го контролира резултатот од самиот почеток и да дојде до највисоко водство од пет ...

Каспер Кристенсен, тренерот на ГОГ Гудме и покрај пропуштената шанса неговиот тим да извојува уште една победа во ЛШ е задоволен од освоениот бод во синоќешната пресметка со Еурофарм Пелистер. Резултатот од 28-28 го одведе данскиот тим во вториот круг од елитното ракометно натпреварување. „Во последните 20 минути пропуштивме премногу големи шанси, што му овозможи на Пелистер да ја преземе иницијативата кон крајот на натпреварот. Неверојатно ...