Лацио обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Италија откако римскиот клуб по голема борба, дури по изведување на пенали го совлада тимот на Болоња. „Болоњезите“ се актуелни бранители на трофејот во националниот куп, но вечерва и покрај добрата игра не успеаја да најдат начин да стигнат до победата. А први дојдоа во водство со погодокот на Кастро, но Нослин стрелаше прецизно на спротивната страна на самиот почеток од второто полувреме. ...

Фудбалерите на Лацио се пласираа за полуфиналето на Купот на Италија, каде што ќе се соочат со Аталанта. Римските „небесно-сини“ успеаја да ја елиминираат Болоња на пенали. По 90 минути резултатот беше 1:1, а Лацио победи со 4:1 по ударите од белата точка. Болоња поведе по половина час игра, Сантијаго Кастро стрелаше за водство по асистенцијата на Моро. Лацио израмни три минути по почетокот на вториот дел, Нослин се погрижи за израмнување, ...

Кошаркарите на МКК Куманово го совладааа ТФТ Скопје и закажаа финале со МЗТ Скопје во финалето на Купот на Македонија. Тимот кој го предводи легендарниот Марин Докузовски успеа да направи изненадување и да го добие ТФТ со 87:79. Се водеше голема борба низ сите 40 минути, а домаќинот на турнирот подобро се снајде, доби три од четирите четвртини и ќе игра за пехарот во утрешното финале против најдобриот кошаркарски колектив во нашата земја. ...