Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 25% на увозот од Европската унија веројатно ќе ги наруши изгледите за раст во Централна Европа, предвидува S&P Global Ratings. Трамп минатата недела рече дека неговата администрација наскоро ќе ги објави царините за стоки од ЕУ, за која тој рече дека е создадена за да им наштети на САД. Европската комисија соопшти дека ќе реагира „цврсто и веднаш“ против бариерите ...
Американската економија влегува во турбулентен период, а економистите предупредуваат на можна рецесија и влошување на трговските односи со клучните трговски партнери – Канада и Мексико. Овој негативен развој доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе нови царини, што дополнително ја подгреа загриженоста кај економистите, политичарите и бизнис секторот. Моделот предупредува на пад на БДП Еден од клучните показатели за здравјето ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавените царини од 25 проценти кон Мексико и Канада денес ќе влезат во сила, додавајќи дека овие две земји и трговските партнери на САД „немаат простор“ за понатамошни преговори. Трамп истакна дека царините се поставени за да ги „казнат“ земјите кои, како што рече, земаат од американската економија, но не и враќаат доволно. Претходно, советникот за трговија на Белата куќа, Питер Наваро, изјави ...