Бекот на Интер, Дензел Думфрис и официјално е нов фудбалер на Реал Мадрид. „Реал Мадрид и Интер Милан постигнаа договор за трансфер на Дензел Дамфрис, кој ќе биде под договор со нашиот клуб во следните четири сезони, до 30 јуни 2030 година“, соопшти клубот. Жозе Мурињо ќе добие целосно нова одбрана, покрај Думфрис, во Реал Мадрид дојдоа и Марк Кукуреља и Ибрахима Конате, а клубот тргна и по ангажман на Бастони. 👋 ¡Bienvenido, Dumfries! 👋 ...
Тимот на Реал Мадрид официјално го промовираше, Дензел Дамфрис за свој нов играч. Десниот бек досега беше дел од тимот на Интер, а од Мадрид одлучија да ја платат откупната клаузула од 20 милиони евра и да го направат нов член на Реал. Дамфрис потпиша четиригодишен договор со Реал Мадрид, кој го врзува за клубот од Бернабеу до летото 2030 година. Дефанзивецот е четвртото ново засилување на Реал Мадрид ова лето по Ибрахима Конате, Марк ...

